Новак Ѓоковиќ годинава го пропушти Австралија опен поради бескомпромисниот однос кон вакцинирањето, но се чини дека сепак ќе настапи на вториот Грен слем сезонава.
Тој добил потврда од Ролан Гарос, од директорката на турнирот Амели Маурезмо, дека ќе може да настапи на овој турнир и да ја одбрани титулата од 2021 година.
„Како што сега стојат работите,на Новак Ѓоковиќ повеќе ништо не му стои на патот и ќе може да ја одбрани титулата во Париз“, изјави Маурезмо на прес-конференција. Ѓоковиќ се уште не е вакциниран, јасно кажа дека така ќе остане, дури и по цена да ја загуби можноста да се бори за титулата, но Франција од понеделникот ги укина речиси сите епидемиолошки мерки и веќе не се потребни потврди за вакцинација.
Маурезмо додаде: “Нашата желба е да ги имаме сите најдобри тенисери. Се трудиме да бидеме мирни, мирни и неутрални. Се трудиме да се подготвиме што е можно подобро за турнирот, колку што можеме. Сигурни сме дека ждрепката ќе биде добар.” Ѓоковиќ пред Ролан Гарос треба да учествува на турнирите во Монте Карло и Белград, а најверојатно ќе биде учесник и на Мастерсите во Рим и Мадрид.