Тенисерите Новак Ѓоковиќ и Душан Лајовиќ ги исполнија условите според АТП рангирањето и го потврдија настапот на Олимписките игри, соопшти Олимпискиот комитет на Србија (ОКС).
Ѓоковиќ и Лајовиќ со тоа го зголемија бројот на српскиот тим во Париз, кој сега изнесува 96.
Новак моментално се опоравува од операцијата на менискусот, која ја доби на Ролан Гарос, а пред неколку дена објави дека почнал да тренира.
По потврдувањето на настапот на ОИ, се очекува одлука за учество на Вимблдон, кој му претходи на олимпискиот турнир.
Олимписките игри почнуваат на 26 јули и траат до 11 август, а ова ќе биде петти пат за Ѓоковиќ да игра на светските првенства.
Во Пекинг во 2008 година освои бронза, додека во главниот град на Франција ќе се обиде да стигне до олимпиското злато, што е и негова цел.