Ѓоковиќ изгуби од 19-годишниот Руне во Париз

by fokus

Данецот Холгер Руне е победник на Мастерс турнирот во Париз. 19-годишникот во финалето по голема борба и повеќе од 2,5 часа игра со 2:1 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ.

Иако Србинот го доби првиот сет со 6-3, во вториот Данецот врати во иста мерка (6-3). Решавачкиот трет сет кој траеше 1 час и 13 минути, го доби Руне со 7-5 за само трет негов трофеј во Мастерс серијата.

На тој начин младиот Данец го заокружи својот санзационалениот настап во Париз, каде во пет дена победи петмина тенисери кои се наоѓаат во ТОП 10-те на АТП листата.

Поврзани новости