Новиот шампион од Отвореното првенство на Австралија во тенис, Новак Ѓоковиќ тешко ја криеше возбудата по 7-та титула во Мелбурн и вкупно 15-та од Гренд слем. Тој му ја оддаде заслужената почит на противникот Рафаел Надал, кој денес не беше на ниво и загуби во три сета 6:3, 6:2, 6:3.
„Сакам да го вратам гестот и да упатам комплименти на Рафаел Надал. Имаше несреќа да поминеш низ многу повреди, но ми покажуваш на мене, на младите и на останатите колеги што значи да имаш борбен дух и што значи никогаш да не се откажуваш. Се обидувам да замислам што се случи во изминативе 12 месеци. Како и Рафа, јас исто така имав операција, но сега сум тука и сум со трета последователна Гренд слем титула. Неверојатно е, немам зборови. Благодарение на мојот тим. Ова е индивидуален спорт, но секогаш ме толерирате кога имам лоши денови“ – истакна Надал.
Потоа Србинот се обрати кон своето семејство и луѓето од тимот, кои не престануваат да го поддржуваат во текот на целиот пат во професионалниот тенис.