Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако денеска во четврт-финалето го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. .
Натпреварот траеше три часа и 35 минути. Ѓоковиќ е седмиот тенисер во светот, додека Алкараз е трет на АТП листата.
Ова беше осми дуел на двајцата тенисери и петта победа за Ѓоковиќ, кој денеска се пласираше во 48. Грен слем полуфинале. Тој стигна до полуфиналето 12 пати на секој од четирите најголеми турнири.
Во полуфиналето на Австралија опен, Новак ќе игра против Александар Зверев, кој претходно денеска го совлада Томи Пол со резултат 7:6 (7:1), 7:6 (7:0), 2:6, 6:1. .
Ѓоковиќ и Зверев во кариерата одиграа 12 дуели, а српскиот тенисер води со 8:4 во победи.