1.2K
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска победи во финалето на Ролан Гарос и ја освои 23-тата гренслем титула во кариерата.
Со тоа, Ѓоковиќ влезе во историјата и страна тенисер со најголем број освоени гренслем титули. Досега тој рекорд го делеше со Рафаел Надал, кој остана на 22 титули.
Српскиот тенисер славеше во финалето на Ролан Гарос со 3-0 во сетови, односно 7-6, 6-3 и 7-5 против Каспер Руд од Норвешка.