Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн каде од 12 до 26 јануари годинава ќе учествува на Австралија опен.
Србинот веќе настапи во Бризбејн каде беше поразен од Рајли Опелка, но сега доби „засилување“ за првиот Грен слем турнир.
Новак Ѓоковиќ беше без својот нов тренер Енди Марио во Бризбејн, додека Британецот сега се појави на првиот тренинг во Мелбурн.
На видеото кое се појави на официјалните канали на Австралија опен, јасно се гледа како Енди Мареј стои покрај теренот и му сугерира одредени работи на Новак Ѓоковиќ, поради што е „доведен“ во стручниот штаб:
What we have all been waiting for…
Andy Murray has arrived in Melbourne to begin his partnership with Novak Djokovic 🤝#AO2025 pic.twitter.com/sk8tf4CwiM
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 7, 2025