Новак Ѓоковиќ се израмни на второто место со Роџер Федерер (рекордот го држи американската легенда Џими Конорс со 98), но го надмина швајцарскиот ас со уште еден историски детал, на Флешинг Медоус.
Четирикратниот шампион, кој и оваа година го брани тронот, ја постигна 78-та победа на главниот стадион на УС Опен „Артур Еш“, најголемиот тениски објект во светот, каде што се игра од 1997 година.
No man has won more matches in Arthur Ashe Stadium than Novak Djokovic! pic.twitter.com/kw3mNORpjH
— US Open Tennis (@usopen) August 27, 2024
Ѓоковиќ го одигра својот 89-ти меч од вкупно 102 од дебито во 2005 година во тоа светилиште на тенискиот спорт.
Помеѓу 2000 и 2019 година, Федерер, петкратен победник, имаше 77 победи во 88 натпревари на овој стадион.
„Не знаев за тој рекорд. Тоа е најголемиот и најгласниот стадион во нашиот спорт, особено под покривот. Ноќните сесии на него се најдобри во светот. Има неверојатна енергија во гледалиштето. Сакам да играм вечерни натпревари овде, можеби не до вака доцна, бидејќи сега е полноќ, но беше одлично и забавно“, изјави Ѓоковиќ, вториот „рекет“ во светот, по победата против Молдавецот Раду Албот (138. во светската листа).
Во вториот круг тој има средба со сограѓанин.
Ласло Ѓере, кој испадна од топ 100 на новата листа, го победи Германецот Јан-Ленард Штруф (35) за речиси 4 часа игра.