Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако во четвртфиналето предмалку беше подобар од Американецот Тејлор Фриц со 3-1 во сетови.
Фриц му пружи отпор во два сета на српскиот ас, но потоа Ѓоковиќ го крена темпото и дојде до очекувана победа.
Првиот сет донесе голема борба. Ѓоковиќ во текот на целиот сет беше подобар противник, но откако не успеа да искористи дури осум брејк топки, при негатива од 5-6 мораше да се извлекува спасувајќи две сет топки. Откако успеа да се извлече и да го одведе мечот во тај-брејк таму без проблеми славеше со 7-3 за водство од 1-0.
Во вториот сет Американецот прв стигна до брејк, а откако Ѓоковиќ не искористи нови седум брејк топки, Фриц израмни на 1-1 (4-6).
Во третиот сет Ѓоковиќ конечно успеа да освои гејм на противнички сервис, па на крајот со двоен брејк стигна до 6-2 и водство од 2-1 во сетови.
Во последниот сет Србинот прв стигна до брејк, по што веднаш следеше одговор на Фриц, но со својот втор брејк во овој сет Новак ги реши сите дилеми околу победникот, 6-3.
Во полуфиналето Новак Ѓоковиќ го чека дуел со подобриот од дуелот Синер – Рубљев.