Ѓоковиќ доби торта за 1000-та победа во кариерата

by Fokus

Новак Ѓоковиќ со триумфот над Каспер Рудо се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим каде за трофејот ќе се бори со стариот познаник Стефанос Циципас.

За српскиот тенисер оваа победа е значајна бидејќи беше 1000-та во кариерата, па организаторите на турнирот го одбележаа со торта на која ја напишаа историска бројка.

– Благодарам на организаторите на турнирот и на публиката за прославата на илјадитата победа, ги гледав Роџер и Рафа претходните години и едвај чекав да стигнам до 1000-та победа. Многу сум привилегиран што постигнав толку многу победи на АТП турнирите. Помина долго време откако го добив првиот натпревар и се надевам дека ќе играм вака во иднина, изјави Ѓоковиќ на италијански.

Поврзани новости