Компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија преку јавно-приватно партнерство ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар – Мајка Тереза, потврди министерот за здравство, Арбен Таравари, пишува „Призма.мк“.
Според информациите, на огласот, кој беше распишан на 15 ноември се јавила само „Ѓока констракшн“.
Компанијата е формирана во Тирана во 1994 година, од 2022 има регистрирано подружница и во Скопје.
Таа ќе стопанисува со паркингот во следните 20 години, а во огласот се превидува приватниот партнер да изгради две катни монтажни гаражи, да стопанисува со целиот паркинг на Клинички, а за возврат државата да добие 1% од вкупните остварени годишни приходи.
Министерството за здравство проценува дека инвестицијата би го чинела концесионерот нешто над 10 милиони евра.