Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

by Fokus

Групацијата ПроКредит го објави Извештајот за одржливост за 2023 година во кој ги оценува своите активности не само од аспект на потребите на клиентите и профитабилноста, туку и од аспект на потенцијалното влијание на нејзините активности врз општеството и животната средина. Извештајот ги документира перформансите и иницијативите на Групацијата ПроКредит во однос на вредностите поврзани со еколошките и социјалните прашања и прашањата на управување, во согласност со стандардите утврдени во Иницијативата за глобално известување (GRI) и целите за одржлив развој на Обединетите Нации. ПроКредит традиционално секоја година ги изготвува овие доброволни нефинансиски извештаи. Структурата на овогодишниот извештај се фокусира на економските, социјалните и еколошките приоритети, како што се отворањето нови работни места и инвестиции, различноста и вклученоста, зелената енергија и климатските акции, и се заснова на следните пет Цели за одржлив развој на Обединетите Нации, кои се особено релевантни за Групацијата ПроКредит: родова еднаквост, достапна и чиста енергија, пристојна работа и економски раст, индустрија и иновации, и климатска акција.

„Етичките и еколошките размислувања се длабоко вкоренети во структурата на Групацијата ПроКредит уште од нејзиното основање. Оваа основа доведе до интегриран, сеопфатен пристап кон одржливоста, изразен во строгите еколошки и етички стандарди во нејзиното оперативно работење интерно во банките, во соработката со клиентите, снабдувачите и други деловни партнери“ – објаснуваат од ПроКредит. Повеќе од 20% од портфолиото на Групацијата е веќе насочено кон поддршка на клиентите во поглед на нивната енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и еколошки инвестиции. На среден рок, целта е ова учество да се зголеми на 25% од портфолиото.

Од ПроКредит велат дека Стратегијата за одржливост се зајакнува преку голем број на иницијативи кои придонесуваат кон намалување на еколошкиот отпечаток на Групацијата. Уделот на електрични и хибридни автомобили во нивниот возен парк во 2023 изнесува 61%, што претставува значително зголемување од уделот во претходната година којшто изнесуваше 52%. Групацијата ПроКредит исто така успеа да ја одржи својата стапка на рециклирање од 100% во однос на отпадот од хартија и електронскиот отпад во 2023 година.

Одржливост и развој низ бројки

Вработените на ПроКредит се од суштинско значење за успехот на стратегијата за одржливост. Во рамките на сопствената работна сила, Групацијата ПроКредит во голема мера ја нагласува позитивната работна средина која се карактеризира со различност, рамна хиерархија и отворена комуникација. За дополнително зајакнување на важноста на различностите и инклузивноста како дел од основните вредности на институцијата, во 2023 сите вработени учествуваа на работилница за Кодекс на однесување за која се инвестираа повеќе од 21.600 часови обука. Групацијата продолжува да спроведува редовни обуки и во 2024та година.

Во насока на понатамошно промовирање на родовата еднаквост, ПроКредит изготви Родов акционен план во 2023 година и се приклучи кон иницијативата 2X Глобал, која ќе го поддржи градењето капацитети и усогласувањето со најдобрите меѓународни практики. Групацијата е силен поддржувач и на женското претприемништво. Во 2023 година повеќе од 20% од кредитите се исплатени на бизнис клиенти во кои најмалку 50% од сопственоста е во рацете на жени.Како банка посветена на поттикнување на економскиот раст и социјалниот напредок во Југоисточна и Источна Европа, ПроКредит ги поттикнува иновациите, придонесува кон градење отпорни заедници и поддржува отворање работни места преку зајакнување на секторот на мали и средни претпријатија.

Така, се проценува дека преку севкупното кредитирање до крајот на 2023 се подржани повеќе од 193.000 работни места.
На околу 42% од овие работни места се поставени жени, што ја нагласува посветеноста на родовата инклузивност. Дополнително, 7% од работните места ги поддржуваат младите, а со тоа се намалува одливот на талент и се поттикнува економски напредок во земјите во кои ПроКредит дејствува.Како членка на Банкарската алијанса за Net-Zero јаглероден отпечаток, Групацијата ПроКредит изготви сеопфатна стратегија за постигнување нето-нула емисии до 2050 година. Според Извештајот, краткорочните цели вклучуваат обврска за намалување на сопствените емисии за 42% до 2030 година, како и поддршка на напорите за декарбонизација на своите клиенти, првенствено во земјоделскиот и производствениот сектор, кои предизвикуваат 28% од емисиите во портфолиото на Групацијата. Дел од овие цели е и посветеноста во финансирање проекти за обновливи извори на енергија. Хуберт Шпехтенхаузер, Претседател на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг АД, нагласува: „Со најновата валидација на нашите краткорочни цели за намалување на емисиите од страна на SBTi, достигнавме уште една пресвртница во нашата стратегија за одржливост. Како комерцијална банка за мали и средни претпријатија, ние сме особено посветени на поддршка на нашите клиенти во нивната транзиција кон поефикасни и помалку еколошки штетни деловни активности. Нашиот седми Извештај за одржливост покажува дека успешно го спроведуваме нашиот принцип на одржлив развој на различни нивоа и преку бројни активности.

„Извештајот за одржливост се изработува секоја година на ниво на целата ПроКредит Групација и е составен од резултатите кои ги постигнуваат сите банки индивидуално, вклучувајќи ја и ПроКредит во Македонија.

„Свесни сме дека како банка нашите активности, начин на работа и одлуки, имаат одреден ефект на животната средина, економијата и општеството генерално. Затоа, се трудиме нашето влијание да биде со минимален негативен ефект врз животната средина, а во исто време да поттикнеме и финансираме проекти кои имаат позитивно влијание” – нагласи Емилија Спировска, Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонија.

Целосниот Извештај за одржливост на ПроКредит групацијата е достапен на следниот линк: pcb.mk/content/ProCredit-Impact-Report-2023.pdf

ПР

Поврзани новости