611
Северна Кореја утре ја одбележува десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-ил, а многу работи ќе бидат забранети за граѓаните во периодот на 11-дневната жалост.
Радио Слободна Азија (РФА) известува дека Севернокорејците мора да се воздржуваат од пиење алкохол, пазарење, па дури и смеење во тој период.
Во интервју за РФА, Кореец од градот Синуи на североисточната граница изјави дека „за време на периодот на жалост не им е дозволено да пијат алкохол, да се смеат или да се занимаваат со слободни активности“. Појасни дека многу активности се забранети, особено на самиот ден на годишнината, кога е забрането дури и купување намирници.