Годишната инфлација во Турција речиси 18 отсто

by fokus

Годишната инфлација во Турција се зголеми до речиси 18 проценти поради слабата лира, што доведе до зголемување на цените, соопштија властите.

Според податоците на Турскиот институт за статистика, годишната инфлација во август изнесува 17,9 проценти.

Инфлацијата го достигна 15-годишниот максимум од 15,39 отсто во јуни. Во јули, Централната банка на државата одби да ја зголеми каматната стапка и ја задржа на ниво од 17,75 проценти.

Во јули, годишната инфлација изнесуваше 15,85 проценти.

Турската централна банка денеска соопшти дека „последните случувања во однос на прогнозите за инфлација покажуваат значителен ризик за стабилноста на цените”, и поради тоа ќе се преземат мерки.

Следниот состанок на за монетарната поитика во државата Банката ќе го одржи на 13 септември. 

Поврзани новости