Во текот на оваа година, заклучно 30-ти ноември, во Тиквешко се регистрирани три лица со потврдена ХИВ/СИДА инфекција. Станува збор за две лица од Кавадарци и едно од Демир Капија.
Новодијагностицираните се од машки пол.
Денес, на одбележувањето на Светскиот ден за борба против СИДА-та, од Институт за јавно здравје информираат дека годинава во земјата се потврдени 42 случаи со ХИВ/СИДА инфекција.
Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 37 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи што имаат секс со мажи, а 5 лица се изјасниле како хетеросексуалци.
Четири лица починале во 2021 година. Инфицираните се на возраст од 20 до 54 години, а најголем број на инфицирани има во старосната група од 35 до 39 години.
Вики Клинчарова