Декан на Правниот факултет, Горан Коевски, денеска обраќајќи им се на бруцошите, им рече дека тие се посебна генерација по многу нешта. Родени се 2001 година, кога во нашата држава имаше конфликт, прва генерација деветолетка, генерација која не полагала државна матура, а сега и прва генерација на Правниот факултет во услови на Ковид.
Деканот, исто така истакна, дека оваа генерација има најмалку бруцоши, само 240, кои ќе им се придружат на околу 2.000 активни студенти, на 80 реномирани професори и 15 професионални административци.
–Иако сте најмалубројна генерација запишана на нашиот факултет тоа не треба никого да разочара, напротив тоа значи дека бројните афери и скандали во државата не ве обесхрабрија. Напротив ве натреаа да го почувствувате и препознаете правиот момент дека вие ќе бидете носители на процесите на реформи и интеграција на РС Македонија во ЕУ и дека вие конечно ќе бидете тие кои ќе ги имплементирате основните европски вредности промовирање на доброто владеење на правото, заштитатат на човекови права и сл. порача Коевски.
Правниот факултет е еден од првите формиран во рамки на УКИМ во 1951 година, својот јубилеј 70 години од основањето ќе го одбележи следната 2021 година.