ГОБ „8 септември“ заедно со уште неколку институции добија признание

by Fokus

Градската болница „8 Септември“ заедно со уште неколку институции од Граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ го доби признанието: Послание за хуманост и статуетка со ликот на Мајка Тереза.

Овогодишни добитници на ова признание се и Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Вакциналниот ковид – пункт на Поликлиниката ,,Букурешт”, Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ,,За нас”, ПЗУ Ординација по семејна и општа медицина во Општина Гази Баба и Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик „ЦСИ ЛИНК“.

 

Поврзани новости