Роберто Манчини и Саудиска Арабија се разделија по само нешто повеќе од една година соработка. Оваа информација преку социјалната мрежа Х ја пренесе Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија, а во соопштението се наведува дека договорот е раскинат со согласност на двете страни.
Манчини ја презеде Саудиска Арабија во август минатата година, потпишувајќи четиригодишен договор.
Тој 20 натпревари ја предводеше селекцијата на таа земја. Забележа 8 победи, 7 нерешени и 5 порази.
Саудиска Арабија моментално е на третото место во групата Ц од азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година, со 5 бода по четири кола.
Како селектор на италијанската репрезентација, Манчини го освои Европското првенство во 2021 година, а во кариерата ги водеше и Интер, Манчестер Сити, Лацио, Зенит, Галатасарај и Фиорентина.