469
На изборите за градоначалник на градот Пуерто Лопез во Еквадор победи кандидатот Омар Менендез, кој беше убиен само неколку часа пред отворањето на гласачките места.
Вооружени напаѓачи упаднале и во просториите на неговата партија во саботата и го убиле Менендез и уште еден малолетник, јавува Би-би-си.
Полицијата во Порто Лопез соопшти дека се уште го истражува можниот мотив за нападот.
Се очекува член на партијата на која и припаѓа Менендез да го замени убиениот политичар на местото градоначалник.
Менендез не беше единствениот политичар што беше убиен во пресрет на изборите. Две недели претходно беше убиен и кандидатот за градоначалник на крајбрежниот град Салинас, Хулио Цезар Фарасио.