340
Четириесет и двегодишен скопјанец бил нападнат од двајца насилници кои упаднале во неговата куќа додека седел со внуците, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, тие го удирале со ланец кој го носеле со себе, а потоа и со секира која ја одзеле од И.И. со што му нанеле видлива повреда во пределот на главата.
По преземени мерки двете лица биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.