398
Триесет и шестгодишник од Тетово бил физички нападнат од негов роднина, информираа од МВР.
Според полицијата, пред два дена околу 01,00 часот во Гостивар, во угостителски објект на улица „Браќа Ѓиноски“ Љ.Г.(36) од Тетово, по претходна расправија бил физички нападнат од негов роднина Г.Н. од село Радиовце, а по кратко време откако Љ.Г. излегол од објектот, бил повторно физички нападнат од Г.Н. и уште две лица ,сите од село Радиовце, тетовско, по што му биле нанесени тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.