Против 34-годишен кочанчанец од селото Бели е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста. Кривичната пријава е за дело кое го направил за време на претседателските избори. Имено на денот на изборите од првиот круг В.И. нападнал полицаец на избирачко место и му се заканил по животот.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.И.(34) од село Бели, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.04.2019 година во село Бели, во двор на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, на денот на одржување на Претседателски избори 2019, пријавениот упатил закани по животот кон полициски службеник кој бил ангажиран за обезбедување на избирачко место на наведената локација“, соопштија од полициајата.