Го стартувал возилото и удрил во полицаецот откако одбил да се легитимира

by fokus

28-годишник од Арачиново со иницијали Ш.М. бил приведен во полициска станица откако се обидел да прегази полицаец, незадоволен што полициски службеници сакале да го легитимираат.

„На 18.03.2019 во 16.00 часот во СВР Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ полициски службеник бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(28) од с. Арачиново, скопско. Имено, при обид на полициски службеници да го легитимираат Ш.М. заради сообраќаен прекршок, тој одбил и со возилото го удрил полицискиот службеник.  Ш.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР.

 

Поврзани новости