Паркер Хокинс (18) го спасил својот брат Бригам (15) од сигурна смрт откако црна мечка налетала во нивната куќа во Аризона.
Мајката Керол верува дека би го изгубила своето дете доколку нејзиниот постар син не размислел брзо и со еден потег не го извлекол дивиот ѕвер, пренесува Sky News.
Тинејџерот седел во куќата и гледал Јутјуб кога мечката „влетала“ низ влезната врата. Со огромна шепа го удрила Бригам по глава и го соборила на подот.
„Влезната врата беше отворена. На почетокот Бриган не знаел што се случува. Почнал да вреска, а мечката го каснала по носот и образот. Потоа го зграпчи за челото и горниот дел од главата“, објасни шокираната мајка.
Врисокот го слушнал постариот син кој веднаш притрчал да му помогне на својот брат.
„Паркер мислеше дека е големо куче. Тогаш мечката почнала да го брка и него, па Бергам го искористил моментот да се заклучи во собата. Постариот син истрча до помошната куќа во дворот и таму се заклучи“, додала Керол.
Дивиот ѕвер се нашол надвор, па се шетал низ дворот. Потоа седнал на каучот на предниот трем.
Мајката повикала полиција и соседи. На местото на настанот пристигнале и специјалисти за фаќање диви животни, но мечката во меѓувреме си заминала.