Двајца напаѓачи претепале возач на автобус, откако претходно се расправале за сообраќаен прекршок, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 18.20 часот на влез во с.Студеничани-Скопје, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок помеѓу возач на автобус бр.67, А. Д. (36) од Скопје и непознати лица со патничко возило “Пасат“ со скопски регистарски ознаки, лицата му упатиле закани на А.Д. Околу 18.55 часот, кога возачот со автобусот почнал да се движи од Зелениково кон Транспортен центар, пред автобусот се испречиле патничко возило “Шкода Фелиција“ и џип – непозната марка, од кои излегле повеќе лица, и со употреба на сила ја отвориле вратата од автобусот, влегле внатре и го нападнале возачот. А.Д. бил пренесен во Градска општа болница “Наум Охридски“. Двајца од напаѓачите, Е.Ф. (25) и А. Г. (24) од Зелениково, се пронајдени и приведени во Полициската станица -Драчево.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.