Го следеле додека се возел со мотор и го претепале

by Fokus

Двајца гостиварчани претепале 21-годишно момче кое се возело со мотор, информираа од МВР.

Според полицијата, надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар  поднесе кривична  пријава  против 16 и 17 годишно лице, двајцата од село Чегране, гостиварско, за сторено кривично дело “насилство“. На 16.05.2018 година околу 15,35 часот, во село Форино, гостиварско, пријавените, кои претходно со мотор следеле 21 годишно лице од Гостивар додека се движел со мотор од село Чегране кон село Форино, истиот кога застанал физички го нападнале.

Поврзани новости