Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара прекин на градежните активности на Водно за изградба на гасовод. Според нив, се загрозува животот со градежните активности на Водно.
Загрозување на животот на работниците на терен После месечна борба на претставки и жалби, стигнавме до амбис. Буквален и фигуративен. На
спустот према Шишево багерите се на ивица од провалија.
Се работи на исклучително тежок терен со наклони од 63% во должина од 107 метри, од 71% во должина од 163 метри, итн.
Работниците треба да ги носат багерите во амбис, зошто така оди трасата на гасоводот. Неколку дрвја се гледаат напред и после тоа пука видик, зошто дрвјата се удолу. Треба да го ризикуваат својот живот за да се продолжи лудилово – по секоја цена гасовод низ Водно.
Потребни ли се жртви да паднат за да запре ова лудило?!! Дури тогаш ли Владата,
институциите, инспекторатите ќе се повикуваат на цела низа недоследности, пропусти и го стопираат градењето? До сега иницијативата Го сакам Водно до разни инспекторати има испратено околу 30 претставки, жалби во кои има укажано за пропусти и недозволени состојби.
Едни немале доволно луѓе за да излезат не терен, други биле, ама сè било во ред,
трети не биле надлежни… се тера, како сè да е во најдобар ред, а ништо не е во ред. Див запад. Игнорирање на мерки за заштита од ерозија
Мерките за заштита од ерозија не се применуваат, а се потребни на сите наклони на трасата поголеми од 20%, во парк-шумата Водно препорачано е да се имплементираат низ целата делница. Мерките не се применуваат, зошто постапката за јавна набавка за избор на фирма која ќе ги спроведе не е завршена. Планот за заштита од ерозија, така прикрпен, е доставен пред еден месец до МЕР и Министерството за транспорт и врски, после нашето барање за достава на истиот.
Дали некој од надлежните излезе со став да не се гради, зошто нема кој да ги спроведе мерките за заштита од ерозија? Не. Се има правосилно одобрение за градење. Толку. Преведено на јазикот на институциите: може да се прави што се сака, по секоја цена.
Симптоматично обновување на решението за сеча од градоначалникот Шилегов
Решението за сеча на Град Скопје, истото она што истече пред повеќе од месец дена, е бесправно издадено, бидејќи е издадено за реализација на правосилно одобрение за градење, но проектираната траса не е користена за да се пресмета проценката за штета и висината на средствата од МЕР исплатени на Град Скопје, што е предуслов за да се издаде Решението.
За тоа е користена изменета траса, која не е дел од тоа одобрение за градење и која сè уште не е одобрена. Владеење на правото? Секако дека Не.
На ова вакво истечено Решение од повеќе од три недели, после нашето алармирање, МЕР бара да му се измени рокот и Град Скопје веднаш го менува од 30 дена, до 1 март 2019. Ние, граѓаните и жители на Скопје, не сме имале право да се жалиме на ова бесправно Решение за сеча во парк-шума Водно, добро од јавен интерес, бидејќи не сме била странка. Јавноста за јавен интерес нема право да се жали.