Го расекол татко му со стакло, а со нож им се заканувал на баба му и дедо му

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “загрозување на сигурноста при семејно насилство”.

Според полицијата, На 31.01.2018 година во Охрид на улица “Париска Комуна” пријавениот, во неговиот дом, по вербална расправија, физички го нападнал неговиот татко П.К. (53), при што го скршил стаклото од влезната врата и му нанел расекотини на П.К., а потоа со нож им се заканувал на неговите баба и дедо. По интервенција на полициски службеници, пријавениот бил лишен од слобода, додека неговиот татко со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Охрид.

Поврзани новости