Го расекол со нож со намера да го убие

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“.

Според полицијата, на 15 септември, 2018 година околу 15,00 часот во Куманово на улицата „Бранко Богдановски-Гуцман“ пријавениот со употреба на нож му нанел расекотини на С.С. (45) од Куманово, во пределот на лицето и раката, по што се дал во бегство.

Поврзани новости