441
Стружанка го расекла својот свекор со нож по глава по претходна расправија со нејзиниот сопруг, информираа од МВР.
Според полицијата, против 41-годишната Х.М. од село Радолишта е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 07.02.2018 година во село Радолишта во домот на Ј.Х.(70), при караница помеѓу пријавената и нејзиниот сопруг, којшто е син на Ј.Х., истата по упатени закани физички го нападнала Ј.Х., и со нож го расекла во пределот на главата и челото.