Стружанец завчера пријавил во полиција дека бил прободен со нож, па му ги врзале нозете и му украле автомобилот.
-На 24.11.2017 година во 21.15 часот во Полициската станица Струга, И.М. (28) од Струга пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот, позади „Пензионерскиот дом“-Струга, со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, а управувано од М.Н., кога пристигнале и излегле од возилото, М.Н. ненадејно со нож го прободел во пределот на десната страна на грбот, по што И.М. паднал на земја. Тогаш, М.Н. со јаже му ги врзал нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец. По околу 20 минути И.М. успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со лицето Ј.М. се упатиле во Медицински центар Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, се вели во полицискиот билтен на МВР.