Триесет и шестгодишен кочанчанец бил прободен со нож затоа што не му дал цигари без пари, информираа од МВР.
Според полицијата, околу 06.50 часот во Кочани на ул. “ВМРО“ во Тобако центар дошол С Ф.(41), од Кочани и од вработениот Д.П. (36) побарал да му даде цигари без да плати, но откако бил одбиен, тој со нож го нападнал Д.П. и му нанел убодна рана (во пределот на ногата). Вработениот во контактибилна состојба од страна на униформирани полициски службеници бил пренесен во Општата болница Кочани каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Набргу напаѓачот С.Ф. е лишен од слобода и е донесен во ПС Кочани а во консултација со ОЈО Кочани на сторителот ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело – “ убиство во обид“ по чл.123 вв чл.19.