Го повредило заталкано зрно од куршум додека играл фудбал во Чаир

by Fokus

МВР информира дека доцна синоќа во 22.51 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Поликлиниката Чаир со повреда бил донесен А.Д.(29) од Скопје.

Според пријавеното, тој бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето на Чаир.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и го подигнале зрното за понатамошна постапка, а на покривот од балонот било забележено оштетување од зрното.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани новости