504
МВР информира дека вчера во 11.45 часот во СВР Скопје, Џ.Б.(46) пријавил дека околу 07 часот, на раскрсница од ул. „Никола Карев“ со ул. „Македонско-косовска бригада“ неколку лица од кои едното го познавал, со закана го однеле во куќа на подрачјето на Бит Пазар, по што физички го нападнале, а потоа го натерале на нотар да потпише договор за да препише негов стан на едно од лицата.
Според пријавеното, причина биле нерасчистени должничко-доверителски односи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.