Убиецот од Прага, студентот Давид Козак кој во масакрот на Филозофскиот факултет уби 15 и рани најмалку 24 лица, пред крвавиот поход го убил својот татко во домот.
Според полициски извор, Дејвид Козак е студент по историја со ментални проблеми.
PHOTO: Active shooter at Charles University in Prague, reports of multiple dead and injured pic.twitter.com/y2h7ZGwhgv
— BNO News (@BNONews) December 21, 2023
Тој, наводно, го убил својот татко дома, а потоа таму поставил рачно изработена бомба, што не успеала да експлодира. Потоа отишол на факултет со пиштол во рака. Според достапните слики и видеа, најверојатно се работи за автоматска пушка, пишува „Блиц“.
– Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убијци отколку сериски убијци. Седнав… чекав… сонував… сакав… но Алина стана последната точка. Како да ми дојде на помош од рајот токму на време – изјавил убиецот во првиот дел од својот онлајн „дневник“.
По пукањето во колеџот во Прага, на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од студенти кои се кријат на фасадата на зградата на колеџот.
Според портпаролката на факултетот Тереза Маркова, вработените и студентите добиле инструкции да се затворат во канцелариите и училниците. Таа нема детални информации, дури ни за бројот на студенти и работници кои се таму.
Некои студенти решија да се скријат на покривите и фасадите на зградата.
– Убиецот е елиминиран! Целата зграда моментално е во процес на евакуација и има неколку десетици мртви и ранети – соопшти полицијата во врска со пукањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет.
Според локалните медиуми, напаѓачот паднал од зградата и починал, а пред тоа се застрелал, според непотврдени информации на сведоци.
#BREAKING #CZECHIA #PRAGUE #PRAHA
🔴 CZECHIA #VIDEO MASS SHOOTING AT CHARLES UNIVERSITY’S FACULTY OF ARTS IN PRAGUE!
Multiple fatalities & injuries reported.#BreakingNews #Ultimahora #Urgent #Chequia #Tchéquie #MASSShooting #Shooting #Tiroteo pic.twitter.com/vnhTxCX2fn
— LoveWorld World News (@LoveWorld_Peopl) December 21, 2023