Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак.
Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,„црна вдовица“ (Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот, информира директорот на Токсикологија, Андон Чибишев.
По пружената соодветна итна помош во Општа болница во Струмица и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со дежурниот доктор, пациентот бил итно транспортиран во Клиниката за токсикологија.
Пациентот, истакнува Чибишев, е во стабилизирана здравствена состојба.