Го каснала оса додека вечерал – Германец во последен миг спасен во Далмација

by Fokus

Драма се одвивала во вторникот на далматинскиот остров Ластово кога германски турист бил каснат од оса додека бил на вечера.

Слободна Далмација наведува дека овој 60-годишник очигледно бил алергичен на убод од оса, а набрзо доживеал анафилактичен шок. Веднаш била повикана лекарка на тој остров и таа му ја дала пропишаната терапија.

Но, несреќниот Германец не реагирал ниту по третата доза од лекот, па лекарот констатирал дека е во критична состојба поради силна алергиска реакција и дека треба итно да биде префрлен во болница.

Сопственикот на „Сантор травел“ и неговиот гумен чамец долг десет метри што превезува туристи на екскурзии го спасил Германецот затоа што во вторникот вечерта имало силно невреме, не бил можен транспорт со хеликоптери, па повикана била брза помош стационирана во Дубровник.

– Ни рекоа дека ќе им требаат два до два и пол часа за да стигнат до Ластово, а бидејќи има море, патувањето сигурно ќе трае подолго – изјави тој за хрватскиот весник.

– Во Брно стигнавме за половина час, а брзата помош веќе чекаше таму за да го однесе Германецот во болницата во Дубровник – рече Шкратуља, додавајќи дека го информирале дека германскиот турист пристигнал во медицинската установа во последен момент.

Поврзани новости