Го качиле да го превезат до Скопје, му удриле ќотек и го ограбиле

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Б.Д.(26) од Гостивар, Ш.Ѓ.(23) од Прилеп и Б.И.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво”.

Според полицијата, 20 јуни, 2018 година околу 22,20 часот додека Ф.И. (50) од Скопје бил на автобуската станица во Гостивар дошле пријавените и му понудиле превоз до Скопје. Кога дошле до наплатна станица Гостивар, кај вториот надвозник Ш.Ѓ. кој го управувал возилото се исклучил од автопатот и запрел, по што лицата физички го нападнале Ф.И. удирајќи го со тупаници и клоци, а потоа од палтото му одзеле паричник во кој имало 9.000 денари и лични документи.

Поврзани новости