89
Ноќеска, во 2.25 часот, Х. П. од гостиварски Вруток, во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа во близина на гостиварското село Мирдита бил пресретнат од неколку лица, кои го извлекле од возилото и му ја соблекле облеката.
Според пријавеното, тие извршиле пребарување во неговото возило и заминале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.