Двајца измамници излажале скопјанец дека им требаат пари за абортус на ќерката, при што тој им дал 1.000 евра, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 15.10 часот во ПС Центар, Ј.К. (71) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето меѓу 14.00 и 15.00 часот на ул.“Владимир Положанов“, бил измамен од страна на две непознати машки лица. Според пријавителот додека тој се движел кон пазарот “Буњаковец“ му пришле двете лица од кои повозрасното лице му рекло дека се странци и дека немаат денари коишто му биле потребни за да и ги даде на жена му заради наводен абортус на нивната ќерка. Оштетениот од банката во близина извадил 60.000 денари му ги дал на едното лице, кое пак за возврат како залог му дало наводно златен ланец (копија на злато), по што двете лица заминале и не се вратиле.
Се работи на расчистување на случајот.