706
Министерството за внатрешни работи информира за инцидент пред пред Порта Македонија во центар на Скопје, во кој бил прободен со нож 45-годишник.
„Во текот на вчерашниот ден во 15.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред порта „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир. Во врска со пријавата, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен С.К.(45) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека повредата со остар предмет му ја нанел негов познаник С. Н., по вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.