Го истепале во Чаир поради недоразбирање во сообраќајот

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, жител на Скопје бил нападнат во Чаир поради недоразбирање во сообраќајот, информираат од МВР.

„На 09.01.2023 во 12.34 часот во Полициската станица Чаир, Е.Ч.(36) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на подрачјето на Чаир, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од А.Л.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости