513
Дваесетидевет годишен скопјанец бил приведен, откако по претходна пријава, било констатирано дека украл автомобил во близина на трговски центар, па откако бил фатен, нападнал полициски службеници.
„Вчера полициски службеници го привеле О.А. (29) од Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул.„Жан Жорес“ со ул. „Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен. При приведувањето О.А: физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.