Го допревме дното во судството, вели Павловска-Данева

by Fokus

Мое лично мислење е дека сме го допреле дното во судството, тврди професорката Ана Павловска Данева во дебата на 24 Анализа.

„Не мислам на тоа од страна на корупција, туку на целосна партизација. И сега чекор по чекор се враќаме“, вели Данева

Првата антикорупционерка Билјана Иванова, пак тврди дека граѓаните најчесто до нив реагираат поради донесени судски одлуки, од кои не се задоволни.

На тоа се надоврза професорката Данева, која додава дека во надлежност на Антикорупциска комисија не е да ги разгледува преставките од граѓаните, затоа што секако ќе има незадоволни граѓани бидејќи секако едната страна го губи спорот.

 

Поврзани новости