Холандската полиција во саботата пронашла тело на 101-годишен маж, чуван во замрзнувач откако починал пред 18 месеци. Ова го сторил неговиот син (82 години) за „сè уште да може да разговара со него“.
Според извештаите, докторот на таткото се загрижил за неговиот пациент, кој одеднаш „исчезнал“, предупредувајќи ја полицијата која подоцна го пронашла телото во куќата во холандскиот град Ландграф.
Синот, кој не е именуван, ги објаснил своите постапки, велејќи дека „не сакал да го изгуби, ќе му недостига“.
Инспекторите сè уште се обидуваат да откријат како и кога починал таткото, додека синот тврди дека неговиот татко починал година и пол претходно, од природна смрт.
Општиот лекар потврди дека не се слушнал со својот пациент „месеци наназад“ и мислел дека нешто е сомнително пред да стапи во контакт со полицијата.
Официјалните лица повторно го посетиле домот во понеделникот попладне, тврдејќи дека куќата е во „неред“ и му дале на синот една недела да се среди пред да проценат дали може да продолжи да живее самостојно.