Култната манифестација ,,Глумците пеат” чиј идеен творец беше актерот и радио водител Марин Бабиќ, кој почина лани во октомври на 74-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Манифестацијата е најавена на 20-ти април во Национална опера и балет, а режисер е Дејан Пројковски.
-Враќањето на овој исклучително популарен проект е во чест на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ кому ова му беше животен проект.
Како и во минатото, и годинава се очекува многу добра музика и многу забава, онака како што само глумците знаат да направат-наведено е во најавата на настанот.
Шоуто на Бабиќ со години наназад беше настан за кој се бараше влезница повеќе, а и долго се зборуваше по завршувањето на секое издание.
Голем број на актери, но и пејачи даваа свој придонес ,,Глумците пеат” да стане препознатлив бренд во сферата на културно-забавниот живот во земјава.
Настанот имаше и хуманитарен карактер, и јавноста се сеќава кога Тоше Проески им делеше билети на децата од Домот за деца без родители.
Од Бабиќ, кој беше горд на овој проект, неговите блиски за време на комеморацијата се простија со зборовите дека неговиот живот бил театар, а пак театарот му бил живот.
Покрај манифестацијата ,,Глумците пеат”, зад него останаа многу одиграни улоги, ноќната програма на Радио Скопје, поетскиот серијал ,,Бебули”…
Влезниците за шоуто каде нашите актери ќе се најдат во улога на пејачи се продаваат по цена од 1.000 и 1.200 денари.
Вики Клинчарова