На Дунавка Трифуновска, фармацевт по професија и поранешен модел, секој ден и е Ден на жената и ужива во бракот со Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, самостојно и независно регулаторно тело во земјава и поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари.
Денес, по повод празникот Осми Март, како што раскажа Цветанов за ,,Фокус”, и приредил романтично изненадување.
-Празникот и го честитав на Дунавка утрински. Намерно спиев во друга спална, глумев демек сум преморен. И во три часот наутро… ја разбудив со бакнежи, нежност, цвеќиња околу нејзе во постела – појаснува тој.
Еден од ретките мажи е кој воопшто не ја крие љубовта кон својата избраничка и без предрасуди секогаш отворено зборува за своите чувства кон неа.
Вели дека по враќање од работа, тие продолжиле да слават.
-Уште славиме! Бев на работа, се вратив дома и во романтичен амбиент славиме. Ја славиме љубовта од Бога дадена и подарена – ни изјави Цветанов.
Ване и Дунавка се венчаа лани, на 9-ти март. Тогаш раскажаа дека датумот е намерно избран, бидејќи се совпаѓа со годишнината од нивната врска.
Вики Клинчарова