Глумела во сапуници, па сега ќе се кандидира за премиер

by fokus

Сестрата на тајландскиот крал влезе денеска во трката за премиерското место, како главен кандидат на популистичката партија лојална на соборениот премиер Тахсин Шинаватра, што е случај без преседан во кралското семејство.

Принцезата Уболратана Раџакања Сиривадана Барнавади (67), постара сестра на кралот Маха Вајиралонгкорн, исто така, е позната по тоа што глумела во тајландски сапуници и живее долги години во Калифорнија.

Еден од нејзините главни ривали на изборите на 24 март ќе биде премиерот Прајут Чан-оча, лидер на владејачката воена хунта, кој исто така денеска ја објави својата кандидатура.

Тој рече дека кандидатурата на принцезата претставува кршење на законот, кој забранува 
политичките партии да ја користат монархијата во своите кампањи.

Тајланд е уставна монархија од 1932 година, но кралското семејство има големо влијание и ужива поддршка од милиони граѓани. 

Поврзани новости