Глигорова за Фокус: Конфискување на криминално стекнатиот имот со кој ќе се финансира здравството и образованието

by Frosina Fakova

Конфискување на криминално стекнатиот имот кој ќе влезе во специјален Фонд за финансисика сигурност на граѓаните, нуди Движењето на слободни граѓани во коалиција со Граѓанско демокартската Унија. Носител на кандидатската листа во Изборна единица 1 е Ана Глигорова, која на јавноста и е позната по протестите против извршителите. Глигорова во мини – интервју за неделникот „Фокус“ вели дека овој Фонд ќе се користи за финансирање на здравствениот и образовниот сектор. Нивната цел е деблокада на трансакциските сметки на граѓаните и

ФОКУС: Што им нудите на граѓаните за разлика од другите партии?

ГЛИГОРОВА: Ослободување од должничкото ропство, низ неколку чекори. Пред се, лимитирање на висината на каматната стапка во системскиот Закон за oблигациони односи, со што ќе се доведе во ред дел од системот на наплата на побарувања. Вонсудската наплата на долгови преку нотарски платен налог и извршител наликува само на организиран криминал. Ние како држава не сме во состојба да имплементираме вонсудска наплата, затоа преку Собраннието ќе побараме враќање во судот на извршителите. Неефикасноста на наплатата се огледува во блокираните над 200.000 трансакциски сметки. Граѓански ветинг на судиите кој не се спроведе, но планираме веднаш да го ставиме на дневен ред. Голем дел од судиите се корумпирани и треба да го напуштат судот, и да одговараат кривично затоа што соработувале со олигарси. Ревизија на проектот Скопје 2014, бидејќи перењето пари не застарува. Ревизја на процесот на приватизација на општествената сопственост во приватна, преку Агенцијата за санација на банките која беше спроведена во првата декада после осамостојувањето. Со победата на меѓународниот суд во Стразбур, каде граѓаните го добија спорот против БЕГ, ќе бараме поврат на парите кон граѓаните кои ги плаќале во изминативе децении спротивно на човековите права. БЕГ да се национализира, а исто така и ТЕ ТО: Висината на банкраските кредити да не надминува 1 %, a не како што е сега 7 %, плус скриени камати на банките. Во контекст на обновливите енергии, имаме група на иноватори кои ќе работат на Скопје – град на обновлива енергија, Скопје – сончев град. Преку истрагата за криминалите, полека отворање на истите, конфискување на криминално стекнатиот имот кој ќе влезе во специјален Фонд за финансисика сигурност на граѓаните. Преку тој фонд ќе се финансира здравствениот и образовниот сектор. За работничките права сме децидни, промена на Законот за работни односи- сабота недела и празници да се неработни денови според закон, кој сака да рабоити овие денови да биде екстра платен. Договорите на неопределен рок да се вратат поради сигурноста на работниците.

ФОКУС: Кои се Вашите приоритети?

ГЛИГОРОВА: Нашата програма се базира на промена на клучни закони, како што е Законот за платен промет, каде што децидно сме за менување во делот каде што извршителите имаат право да блокираат. Деблокада на трансакциските сметки на граѓаните. За малостопанствениците, намалување на висината на фирмарината, намалување на ценната на индустриската струја и вода и други давачки. Во контекст на образовниот сиситем се залагаме за имплементирање на Финскиот образовен систем.

Водата да биде дел од Уставот како јавно добро и да припшпаѓа на граѓаните на Македонија. Затворање на дел од малите хидроцентрали кои го нарушуваат еко системот.

Се залагаме за 90 пратеници, а не за 120 како што се сега, исто така и за исфрлање на патните трошоци за пратениците. 

ФОКУС: Колку пратенички места очекувате да освоите и дали би коалицирале со некоја поголема партија?

ГЛИГОРОВА: Се надеваме на поддршка од страна на граѓаните бидејќи веќе се докажавме како активисти кои успеаа да сменат дел од законите само од улица, од протести. Речиси деценија сме заедно со граѓаните, на протести, комуницираме со нив. Мислам дека имаме доверба иако никогаш не сме биле на власт. Движењето на слободни граѓани во коалиција со Граѓанско демокартската Унија настапува во Изборна единица 1 каде што сум носител на листа јас, Ана Глигорова и граѓаните ќе ме најдат под број 7, како и сите други носители на листи од колаицијата во единиците 2, 3, 4 и 5. Очекуваме добар резултат, очекуваме граѓаните да гласаат за нас за да го отвориме патот кон непосредната демократија, граѓаните да имаат своја канцеларија во Собранието. Секако, очекуваме пратеници, преку кои ќе делуваме директно на менување на клучни закони. За коалиција не размислуваме воопшто во овој момент.

ФОКУС: Дали изборниот модел и изборниот законик Ви овозможува еднаква положба со другите, поголеми партии?

ГЛИГОРОВА: Донтовиот модел со затворени листи на 6 изборни единици е убиствен за демократијата. Да немаш можност да го видиш отворено третиот или четвртиот на листата е крајно недемократски и дискриминаторски. Македонија една изборна еденица е најфер модел, за кој се залагаа кобајаги, но немаа намера да го реализираат. За жал, далеку е Македонија од добар пример за реализирање на изборен процес. Свесни сме колку злоупотреби и кривични дела се направени изминативе 30 години. Ораганизиран криминал. Зарем не е мафијашки стилот на комуникација во текот на изборите кој го практикуваа високите функционери од извршната, законодавната и судската власт што го слушавме на бомбите кои беа посветени само на изнборите? Токму против овие невредности, овој примитивизам и ние се обориме. На гласачкото ливче има 15 носители на листи, но медиумите се концентрирани само на неколку од нив- папетите на олигархијата – ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, а во последно време и на Алијансата на Албанците. Им се сугерира на граѓаните дека постојат само тие, дека нема избор, а всушност се работи за симулакрум, за привид вешто реализиран преку полтроните во медиумите. Следам дека се форсираат неколку ликови- сателити на т.н моќни партии, за да откраднат од гласачките тела на СДСМ,  ДПМНЕ и ДУИ. Прозрачни се, сметам дека доста луѓе се разбудија, па ќе ја препознаат чесноста. Инаку, кога ќе се сетам кој се седи во коалиција со овие т.н големи партии со ниски страсти, ќе сфатиме колку сме изманипулирани.

Кобајаги леви и десни по идеологија, а всушност заедно како врвни мафијаши, жедни за контрола. Се сеќавеме на Пустец, на крадење на гласачки кутии, на бугарски возови, на поткуп. Сега во оваа пандемија ќе има криминал до небо. Сите сме еднакви, но некои се поеднакви од другите, сите сме во дистопијата на Орвел.

Ф.Ф.С.

Целиот текст за тоа кои помали партии имаат поднесено кандидатски листи на овие парламентарни избори, што нудат и колку пратеници очекуваат да освојат прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк

Поврзани новости