Гледачката на карти Пола Робертс, позната и како „Англиската гледачка “, самопрогласена експертка за натприродното, ловец на духови и графолог, за време на гостувањето во емисијата „Џеси Вотерс прајмтајм“ емитувана на американската ТВ станица Фокс њуз изјави дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ќе почувствува „загуба“ во 2024 година, пренесува „Дејли бист“.
Џеси Вотерс ја заврши својата прва емисија за новата година со поглед кон политичката иднина на претседателот Џо Бајден и Доналд Трамп, и тоа го стори со тоа што не повика каков било политички авторитет, туку напротив психички и самоопишуван „ ловец на духови“.
Пред Робертс да се фрли на работа Вотерс рече дека прашал друг јасновидец за судбината на Трамп и дека му рекол дека ќе се случи „голема неправда“ оваа есен. „Можеби нема да имаме ни избори“, рече Вотерс. „Затоа, ни треба второ мислење“, додаде ТВ водителот.
Откако Вотерс побара од Робертс читање тарот карти за Трамп гледачката ја извлече картата „Пет пехари “. И двајцата беа прилично вџашени од картата. „Знам дека сум на Фокс…“ рече Робертс откако неколку пати пелтечеше. „Чувство на загуба. Чувство за загуба, но тоа е многу специфично… Тоа е како да размислува повеќе за тоа што изгубил и сè уште не го користи она што го има”, додаде Робертс.
Според некои толкувања, тарот картата „Пет пехари“ симболизира вознемиреност, страв, несигурност, загуба и неможност да се оди напред. Ако експерт за тарот ја повлече таа карта за време на читање, веројатно сте емоционално расеан.
Потоа Вотерс побара од Робертс да му чита тарот на актуелниот американски претседател Џо Бајден. Робертс ја извлече картата „Девет дискови“, која симболизира надеж, храброст, исполнетост, среќа и просперитет. „Многу, многу, многу, многу пари“, рече јасновидката. „Од Кина?“ ја праша Вотерс. Таа сепак не појасни од каде и од кого Бајден треба да ги добие овие пари.